Под надзор 14 лица во Србија поради ебола

Во Србија 14 луѓе кои допатувале од африкански држави, каде е прогласена епидемија од еболата се под надзор. Од Институтот Батут соопштија дека тоа е стандардна процедура и оти здравствениот систем е организиран така што сите луѓе кои доаѓаат од загрозени подрачја на аеродромот, минуваат низ контрола на санитарна инспекција која им издава решение за ставање под надзор. СЗО соопшти дека во овогодишната епидемија со вирусот на ебола заразени се 1.848 луѓе, и оти од тој вирус животот го загубиле 1.013 луѓе.