ХРВ-Злосторства против човештвото на протестите во Египет

Хјуман Рајтс Воч соопшти дека египетските власти за време на протестите во минатото лето употребиле прекумерна и намерна сила против демонстрантите поради политички причини. Според организацијата на протестите на кои загинаа стотици лица властите најверојатно извршиле злосторства против човештвото. Заклучокот е донесен врз основа на едногодишната истрага на инцидентите по кои беше соборен претседателот Мухамед Морси. На 3 јули во минатата година.