Русија испрати хуманитарен конвој во Украина

Руски конвој од 280 камиони што пренесува хуманитарна помош, тргнал за Украина. ИТАР-ТАСС е известува дека конвојот тргнал од регионот на Москва рано изутринава. Администрација во регионот е цитирана со информација дека помошта се состои од прехранбени производи, лекови, медицинска опрема, вреќи за спиење, и преносни генератори за енергија.

На 11 август, Русија соопшти дека ќе испрати хуманитарен конвој во Украина со надзор на Црвениот крст и без руска воена придружба.

Украина соопшти дека се согласува на хуманитарна мисија на сепаратистичките упориште на Луханск но инсистираше таа да биде без руска воена придружба.