НАТО ќе ја штити Турција од ирачките милитанти

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска дека Алијансата ќе преземе неопходни мерки да ја заштити Турција, доколку биде загрозена од исламистичките борци во Ирак и Сирија. Тој изрази загриженост за дејствијата на милитантите, кои според него се банда терористи, при што е многу важно да се запре нивното напредување.

Расмусен порача дека НАТО нема да се поколеба да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди ефикасна одбрана на Турција или на секој нејзин сојузник.