Путин сака да испрати хуманитарен конвој во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин му соопштил на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо дека земјата ќе испрати хуманитарен конвој во Украина, кој ќе биде под надзор на Црвен крст. Баросо го предупреди Путин против било каква акција во Украина, вклучувајќи и хуманитарна.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави претходно дека има голема веројатност оти Русија воено ќе интервенира во Украина под изговор дека ќе спроведе хуманитарна акција.