Талибанците убиле 20 цивили во Авганистан

Авганистанските локални власти соопштија дека талибанците убиле 20 цивили кои одбиле да им платат воен данок во покраината Кундуз. Во меѓувреме 16 милитанти загинале, а 6 биле повредени за време на воената операција на владините сили во покраината. Министерството за одбрана соопшти дека биле извршени 17 воени операции против милитантите.