Јолевски-Македонија работи на стратегијата за самитот на НАТО

Министерот за одбрана Зоран Јолевски

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска изјави дека Македонија има стратегија за следниот самит на НАТО, која веќе се исполнува. Јолевски за време на посетата на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во скопската касарна „Гоце Делчев“ порача и дека се работи на максимално презентирање на тоа што Македонија го има постигнато и на прашањето зошто земјава треба да добие покана за полноправно членство во Алијансата.