Честитики до Ердоган од европските лидери

Реџеп Таип Ердоган

Европските лидери денеска упатија честитки до турскиот премиер во заминување Реџеп Таип Ердоган, кој победи на изборите за претседател на земјата. Германската канцеларка Ангела Меркел му посака на Ердоган успех, сила и издржливост во тешките задачи поврзани со предизвиците во регионот.

„Се надеваме дека ќе ги соберете сите заедници, сите уверувања, сите мислења и сите начини на живот во турското општество“ се наведува во честитката што претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо му ја испратија на Ердоган. Рускиот претседател Владимир Путин и киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев ги прекинаа разговорите во Сочи за телефонски да му честитаат на Ердоган.