Бан Ки Мун го поздрави новото примирје во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го поздрави новиот тридневен прекин на огнот во Појасот Газа. На предлог на Египет, израелците и палестинците го прифатија новиот прекин кој стапи во сила синоќа во 21 часот по средноевропско време. Бан изрази надеж дека тоа ќе им даде шанса на двете страни, со посредство на Египет, да воспостават траен мир во интерес на цивлното население Во четиринеделните насилства загинаа над 1930 палестинци и 67 израелци.