Пакистански свештеник повика на револуционерен марш

Анти владин свештеник во Пакистан вчера објави како што го именуваше револуционерен марш за уривање на демократски избрана влада во земјата. Тахир Ул Ќадри рече дека протестниот марш на неговите поддржувачи од Лахоре до Исламабад треба да започне на 14 месецов. Тој ги повика поддржувачите да продолжат со демонстрациите додека владата на премиерот Наваз Шариф не поднесе оставка. Неговиот повик за протест доаѓа откако беше обвинет за поврзаност со актуелните убиства на полицајци во Лахоре, градот во кој што е базиран. Полицијата соопшти дека поддржувачите на Ќадри убиле двајца полицајци, а неколку повредиле во различни инциденти.