Ердоган по изборната победа повика на нова ера во Турција

Турскиот премиер во заминување Реџеп Таип Ердоган побара нова ера на помирување во Турција откако победи на првите директни претседателски избори во земјата. Во победничкиот говор во Анкара вчера доцна вечерта тој рече дека се затворала старата ера и се влегувала во нова повикувајќи на ново општествено помирување и оставање на старите дискусии во како што рече старата Турција. Од речиси сите пребројани гласови Ердоган освои околу 52 отсто. Неговата инаугурација се очекува да се одржи на 28 август. Претседателот на избиричката комисија рече дека тој освоил апсолутно мнозинство во првиот круг, но официјалните резултати ќе бидат објавени денеска. Ердоган кој е и престедател на Партијата за правда и развој е премиер на Турција од 2003 година.