Се очекува Ердоган да победи на изборите во Турција

Се очекува турскиот премиер Реџап Таип Ердоган да победи на првите директни претседателски избори кои се одржуваат денеска во Турција. Извештаите од Анкара велат дека Ердоган ќе освои повеќе од 50 проценти од гласовите уште на денешното гласање, без потреба да се одржува втор круг.
Ердоган, од исламистичката Партија на правдата и развојот, е премиер на Турција од 2003.

Ердоган изјави дека ако победи на изборите, сака да го смени уставот на Турција и да ја промени улогата на претседателот кој досега имаше церемонијална улога.