Велика Британија и Франција доставуваат хуманитарна помош во Ирак

Велика Британија и Франција денеска започнаа со обезбедување на хуманитарна помош за илјадници раселени цивили поради нападите на милитантите од Исламската држава во северен Ирак .

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус денеска е во посета н Ирак, каде меѓудругото ја надгледува и дистрибуцијата на помош за раселените Ирачани. Фабиус изјави дека Франција ќе обезбеди „неколку тони“ помош за внатрешно раселени Ирачани.

Два британски авиони доставуваат храна, вода, шатори, и соларни светилки како може да служат и како полначи за мобилни телефони на раселените луѓе.

И Соединетите држави вршат достава на храна и вода за раселените.