Да се почитуваат времето за „Мој термин“

Дваесет и девет илјади пациенти во јули не го искористиле закажаниот термин во здравствените установи, информира денеска на прес-конференција Милан Аризанкоски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“.

Докторите од скопските поликлиники, според него, имале најмногу прегледани пациенти изминатиот месец. Половина од пациентите, нагласи Аризанкоски, влегле 15-20 минути порано од закажниот термин, а останатите со просечно задоцнување од девет минути.

Тој упати апел до пацинетите доколку не се во можност да присуствувате на закажаниот преглед, терминот да го откажат на телефонскиот број 15 444 или со праќање на порака кон 144 194 со содржина број на упат или преку матичните лекари.