Самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Најмалку четворица авганистански цивили загинале во самоубиствен бомбашки напад на конвој на НАТО во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија тамошните власти. Најмалку седум лица се повредени во експлозијата. Полицијата соопшти дека нападот се случил на главен пар во западниот дел на Кабул и таргетирал конвој на НАТО. Портпаролот на Талибанците изјави дека милитантна група ја презеде одговорноста за нападот.