Киев подготвен да дозволи хуманитарна мисија во Луханск

Луханск.

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека Украина е подготвена да прифати хуманитарна мисија на градот Луханск кој е под контрола на сепаратистите, но само ако тоа е невооружен меѓународен тим кој ќе влезе во земјата преку граничните премини кои се под контрола на Киев. Од кабиентот на Порошенко велат дека тој на 9 август зборувал за тоа со германската канцеларка Ангела Меркел. Порошенко за мисијата зборувал и со претседателот на Црвениот крст Петер Маурер.
Киев претходно изјави дека е спречен рускиот обид да испрати војници преку границата под маската на хуманитарна мисија.

Западните сили се согласуваат дека каква било мисија која вклучува руска помош за Украина ќе биде „неоправдана и незаконска“.

Во меѓувреме лидерот на сепаратистите во источна Укрина изјави дека е отворен за прекин на огнот, јавува Асошиејтед прес. Самопрогласениот премиер на сепаратистичкиот регион Доњецк,Александр Закхраченко тврди дека областа е опкружен со украински владини сили.

Закхраченко вели дека тој ќе прифати прекин на огнот за да се избегне хуманитарна криза. Според портпаролот на Градскиот совет во Доњецк ситуацијата во градот е сé полоша. Тој вели дека сега околу 2.000 станбени објекти останале без електрична енергија.