Обама - напади се додека постои закана за американскиот персонал во Ирак

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека американските сили извршиле воздушни напади врз позициите на „Исламската држава“ во северен Ирак и оти ќе продолжат со нападите за да го заштитат американскиот персонал во областа и да ги заштитат бегалците кои, поради борбите, избегаа во планинскиот регион.

Американскиот претседател изјави дека не постои временска рамка за тоа кога ќе престанат американските напади во северен Ирак против милитантите на исламската држава. Тој рече дека нападите ќе продолжат сé додека постои закана за американскиот персонал во Ирак. Обама додаде дека САД имаат амбасада и конзулат во Ирак и дека Вашингтон нема планови да ги повлече мисиите. Тој, исто така, рече дека лидерите на Велика Британија и на Франција се договориле да обезбедат хуманитарна помош за бегалците во северен Ирак.