Милитанти од Авганистан убиле 4 лица во Пакистан

Авганистански милитанти нападнале куќа на лидер на милиција во Пакистан која се бори со талибанците и го убиле него и уште тројца членови на неговото семејство. Други двајца членови на семејството се повредени, од кои една жена се наоѓа во тешка состојба, соопштија официјални лица. Инцидентот се случил доцна синоќа во област која се наоѓа на околу 250 километри северно од Пешавар.

Пакистан започна воена офанзива во северозападниот дел на земјата како последица на нападот на Талибанците на најпрометниот аеродром во земјата во Карачи при што загинаа десетици луѓе.

Според извори на Армијата, повеќе од 500 милитанти и 27 војници се убиени во офанзивата досега. Бројката на загинати бунтовници не може да биде независно потврдена.