Јеменски милитанти убиле 14 војници

Милитантна група од Јемен, поврзана со Ал Каеда, соопшти дека убиле 14 војници како одмазда за офанзивата на Армијата против милитантите.

Изминатата недела, јеменските безбедносните сили убиле најмалку 25 осомничени членови на милитантната група Ансар ал Шарија во судирите во регионот Вади Хадрамут во североисточниот дел на Јемен.

Телата на војниците биле пронајдени од локални жители по три часа откако биле киднапирани од јавен автобус. Милитантната група преку интернет соопшти дека ги убиле војниците како одмазда за учество во воените операции против групата.

Во меѓувреме, официјални лица изјавија дека денеска во американски воздушни напади во Јемен биле убиени тројца осомничени милитанти на Ал Каеда.