Пациент со симптоми на ебола во Грција

Вирусот ебола.

Грчкото Министерство за здравство соопшти денеска дека еден државјанин на земјата се вратил од Нигерија со симптоми што наликуваат на оние на вирусот ебола. Тој денеска во Атина бил подложен на медицински испитувања. Според министерството, човекот сам отишол во болницата, затоа што стравувал за своето здравје. Министерството наведе дека уште еден сомнителен случај на ебола бил вчера испитуван, но на крајот се покажало дека станува збор за маларија.