Во Русија забранет анонимен пристап на безжичен интернет

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпишал наредба со која се забранува анонимен пристап на безжичен интернет на јавни места. Според наредбата, корисниците на Wi-Fi, во рестораните, парковите и на други јавни места, мора да се регистрираат со цело име и презиме, како и да го идентификуваат апаратот со кој се поврзуваат на интернет.

Руските власти ги зајакнаа контролите на користењето интернет, па дури и блогерите мора да се регистрираат и не можат да бидат анонимни.