Проруските сепаратисти на готовс во Трансдњестер

Проруските сепаратисти во отцепениот молдавски регион Трансдњестер, ги ставиле нивните безбедносни сили на готовост, поради воената закана од Украина за земјата. Медиумите јавија дека сепаратистите очекуваат воена активност на 26 август еден ден пред независноста на Молдавија.

Властите на Молдавија ги обвинија сепаратистите за дезинформирање на јавноста. Тензиите помеѓу Трансдњестер и Молдавија се зголемија откако земјата потпиша договор за асоцијација со ЕУ и покрај противењето на Русија.