Франција бара итна средба на ОН за Ирак

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со напредокот во офанзивата на милитантите од Исламската држава во Ирак. Милитантите денеска го освоиле најголемиот ирачки христијански град Каракош откако претходно од таму се повлекле курдските борци. Тие успеле да заземат уште три градови кои главно се населени со христијани што предизвика нивно раселување.