Судири на централниот плоштад во Киев

Демонстрантите на плоштадот во Киев

Во украинскиот главен град во Киев демонстрантите се судрија со работниците кои се обидуваа да ги расчистат барикадите и шаторите на плоштадот на Независноста. Демонстрантите запалиле гуми и фрлале шишиња и цигли кон работниците. Плоштадот беше епицентарот на масовните антивладини протести во минатата зима по кои беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.