Нова рунда нуклеарни преговори на 16 септември

Портпаролот на шефицата за надворешна дипломатија на Унијата, Мајкал Ман

ЕУ соопшти дека наредната рунда преговори помеѓу Иран и шесте светски сили ќе се одржи до 16 септември. Портпаролот на шефицата за надворешна дипломатија на Унијата, Мајкал Ман изјави дека се уште не се знае локацијата каде ќе се одржи средбата. Според него, најверојатно средбата ќе се случи на маргините на наредната сесија на Генералното Собрание на ОН, која започнува на 16 септември.