Расмусен пристигна во Киев

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен пристигна во Киев. Тој на твитер напиша дека само што слетал во главниот град на Украина, со цел да и понуди поддршка на земјата и на претседателот Петро Порошенко. Украинското министерство за надворешни работи претходно соопшти дека посетата е од витално значење и дека е доказ оти Алијансата го поддржува европскиот пат на земјата.