Милитантите во Ирак освојуваат градови

Милитанти од Исламската држава денеска го освоиле најголемиот ирачки христијански град Каракош откако претходно од таму се повлекле курдските борци. Сунитските милитанти успеле да заземат уште три градови кои главно се населени со христијани што предизвика нивно раселување. Напредувањето на сунитските милитанти доаѓа и покрај тоа што курдските борци помогнати од ирачкото воено воздухопловство почнале контраофанзива.