Разговори меѓу САД и Иран за нуклеарната програма

заменик државниот секретар Вилијам Барнс

Денешните разговори во Женева за иранската нуклеарна програма, како што соопшти американскиот Стејт департмент, се во рамките на преговорите на шестте светски сили со Иран што ги води шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон. Американската делегација на денешната средба е предводена од заменик државниот секретар Вилијам Барнс. Во минатиот месец двете страни не успеаа да се договорат за крајниот датум за постигнување договор, но се согласија да ги продолжат преговорите до ноември годинава. Со договорот треба да се намалат санкциите спрема Иран кој за возврат треба да ги запре нуклеарните активности. Западот се сомнева дека нуклеарна програма е со цел Иран да дојде до атомско оружје. Техеран тоа го демантира.