Руско ембарго на храна од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка

Русија денеска соопшти дека воведува целосно ембраго на увоз на повеќе прехранбени производи од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка. Со ембаргото кое е одговор на западните санкции против Русија е опфатен увозот на месо, млеко, млечни производи, овошје и зеленчук. Мерката ја објави рускиот премиер Дмитри Медведев, наведувајќи дека таа стапува во сила веднаш.