Продолжуваат борбите околу Доњецк

Проруските сепаратисти соопштија дека го одбиле синоќешниот напад на украинската војска врз Доњецк, но оти и натаму биле под силен притисок. Нападот, како што јавуваат локалните медиуми, бил изведен со неколку тенкови и околопни возила при што биле уништени многу куќи во предградието Петровски. Борби имало и во други предградија на Доњецк, но ниту една страна досега на соопшти за евентуални жртви и ранети.