САД нема да испратат експериментален лек за еболата во Африка

Сиера Леоне

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека било прерано да се испрати експериментален лек против еболата во Западна Африка каде што од ова заболување загинале околу илјада луѓе. Обама додаде дека погодените земји, Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија би требало да изградат силна јавна инфраструктура за да се справат со еболата. Експерименталниот лек беше употребен врз двајца американци кои беа инфицирани со ебола додека работеле со заболени во Либерија. Едниот од нив, по добивањето на лекот, покажал голем напредок. Либерија вчера прогласи вонредна состојба за да го спречи ширењето на ова смртоносно заболување.