САД: Најмногу Москва ќе биде погодена од забраната за увоз на храна

Белата куќа оцени дека најавениот потег од страна на Русија да го забрани увозот на храна од САД само ќе ја продлабочи изолацијата на Русија од меѓународната заедница. Портпаролката на Белата куќа Лаура Лукас Магнусон рече дека одмаздата од страна на Москва против западните компании или држави поради санкциите наметнати претходно од Вашингтон и Европската унија ќе предизвика натамошно опаѓање на руската економија. Таа рече дека дури и Руската централна банка соопштила дека забраната за увоз на храна ќе ја зголеми инфлацијата во Русија. Увозот на храна од САД и ЕУ во Русија изнесува повеќе милијарди долари годишно.