Расте бројката на жртви од ебола, нови случаи во Нигерија

Вирусот ебола

Светската здравствена организација сооошти дека бројката на починати од ебола во западна Африка се зголемила на 932 лица. Нигерија, која е најнаселената земја на континентот соопшти дека се појавиле пет нови случаи на ебола, при што починало и второ лице од болеста.

Шпанија испрати медицински опремен авион во Либерија за да го пренесе до земјата шпанскиот свештеник кој е инфициран од болеста. Саудиските власти соопштија дека еден нивен државјанин кој заболил од ебола за време на патувањето во Сиера Леоне починал од срцев удар.