Убиени 18 војници во судирите со сепаратистите во Украина

Најмалку 18 украински војници загинале, а 54 биле повредени во судирите со сепаратистичките бунтовници. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко изјави дека судирите се случиле во источна Украина во близина на границата со Русија, додека украинската војска се обидувала да ги потисне бунтовниците од нивните позиции. Според него, украинските војници повторно биле гранатирани од руска територија.