Самсунг и Епл се договорија да не се тужат

Најголемите светски производители на така-наречени паметни телефони, јужно-корејскиот Самсунг и американскиот Епл, се договориле да ги прекинат сите меѓусебни тужби за патенти во светот, освен во Соединетите Држави. Двете компании со години меѓусебно се тужат низ повеќе земји во светот за правата во врска со дизајнот и технологијата на паметните телефони.