Опасност од руска воена интервенција во Украина

Полскиот премиер Доналд Туск изјави денеска дека во последниве денови се зголемува заканата од директна интервенција од руската армија во Украина. Имаме причина да се сомневаме дека е можна руска воена интервенција, изјави Туск во Варшава. Тој додаде дека санкциите на Европската Унија против Русија ќе имаат последици и врз европската економија, но оти непревземањето мерки против руските активности во врска со кризата во Украина, може да има катастрофални последици.