9 лица убиени во претстрелки во Египет на границата со Либија

9 лица биле убиени во судир меѓу египетските сили и милитанти во близина на границата со Либија, јавија државните медиуми. Во нападите врз полициски и воени контролни пунктови во тој регион, загинале 5-мина полицајци, а биле убиени 4-ца милитанти. Нападите врз полицајци и војници во Египет зачестија по соборувањето на исламистичкиот претседател Мухамед Морси.