Официјални претставници на ОН предупредија за влошување на хуманитарната ситуација во источна Украина, додека некои членови на Советот за безбедност на ОН ја обвинија Русија за кризата. Џон Гинг , директор на ОН за хуманитарни операции , на синоќешниот итен состанок за украинската ситуација рече дека борбите меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти ги ставаат цивилите во ризик. Тој рече дека снабдувањето со вода и енергија станува ограничено , поради борбите и дека повеќе од 1350 луѓе - цивили и војници - се убиени. Агенцијата за бегалци на ОН објави дека околу 285.000 луѓе ги напуштиле своите домови. Членките на Советот за безбедност, Велика Британија и САД, наведоа дека руската поддршка на сепаратистите е причина за кризата. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјави дека ситуацијата во градовите Луханск и Доњецк е катастрофална. Заменик-амбасадорот на Украина во ОН, Олександар Павличенко , негираше дека постои хуманитарна криза во Украина.