Русија бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Русија повика на итен состанок на Советот за Безбедност на ОН за хуманитарната ситуација во Украина. Рускиот амбасадор во ОН, Витали Чуркин изјави дека земјата се надева оти средбата ќе се случи при крајот на денот. Агенцијата за бегалци на ОН претходно соопшти дека околу 285 илјади луѓе ги напуштиле своите домови поради конфликтот во источна Украина. Според агенцијата, околу 168 илјади Украинци аплицирале за азил во Русија.