Нападната воена база во Авганистан

Припадници на авганистанската национална армија.

Еден маж облечен во авганистанска воена униформа отворил оган врз припадници на странските сили во воена база. Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека при нападот биле повредени неколку лица, без да даде дополнителни детали за настанот. НАТО соопшти дека го истражува инцидентот во кој биле инволвирани и авганистанските и странските сили во тренинг базата која се наоѓа западно од Кабул.