Швајцарија со нови санкции против Русија

Швајцарија ќе ги прошири санкциите поради кризата во Украина со тоа што ќе додаде уште 26 имиња на Руси и проруски ориентирани Украинци на листата. Властите соопштија дека одлуката била донесена поради улогата на Русија во кризата во Украина. Новите санкции на Швајцарија доаѓаат по црната листа со имиња на ЕУ, која денеска стапи на сила. На листата се наоѓаат 20 компании и 87 личности.