Иран му доставил ракетна технологија на Хамас

Иран ја снабдил со ракетна технологија палестинската милитантна група Хамас, соопшти владиниот претставник Мохсен Резаеи. Според него, земјата мора да им овозможи одбрамбена и воена технологија на Палестинците со цел тие да можат да направат одружје за да се бранат од нападите. Резаеи, кој е поранешен командант во Револуционерната гарда неодамна му пиша на претседателот Хасан Рохани и го повика да му испрати воздушна помош на Хамас, која ќе ја употреби против израелските воени авиони. Резаеи изјави дека и покрај израелските напади врз Појасот Газа, објектите каде се произведува оружје не се оштетени.