Уапсени полицајци за наводно прислушување на Ердоган

Најмалку 25 полициски офицери биле приведени денеска во Турција во рамките на истрагата за шпионирање и незаконско прислушување на премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговите најблиски соработници. Полицајците биле приведени во 14 покраини ширум Турција. Над 30 полицајци се во притвор од минатата недела под сомневање дека прислушувале телефони. Оваа афера ја потресува Турција пред изборите на 10 август на кои Ердоган очекува победа како прв директно избран шеф на државата. Претседателот на Турција досега го избираше Парламентот.