Украински војници влегле во руска територија

Руски новински агенции јавија дека повеќе од 400 украински војници влегле на руска територија во изминатата ноќ, наводно за да ги избегнат борбите со сепаратистите во источна Украина. Украинската војска потврди дека нивните трупи влегле во Русија, но негираа дека причината била за да избегаат од борбите.

Руските медиуми цитираа претставник на власта според кој, хуманитарен коридор бил отворен за 438 украински војници кои барале дозвола да влезат во земјата. Војниците биле опколени од сепаратистите, откако останале без муниција.