Меѓусебни обвинувања за тензиите во Нагорно Карабах

Ерменски војник на границата на Нагорно Карабах.

Баку и Ереван меѓусебно се обвинија за насилството и тензиите во отцепениот регион Нагорно Карабах. Ерменското министерство за одбрана соопшти дека обидите на Азербеџан за ескалација на тензиите може да предизвикаат војна, иако според него се уште нема потреба од голема воена операција.

Азербеџанското министерство за одбрана соопшти дека еден од војниците повреден во престрелката за време на викендот починал со што бројката на жртви се искачи на 13. Според министерството, виновни за состојбата се ерменските власти.