Русите со двојно државјанство, од денеска со обврска да го пријават

Во Русија денеска стапи во сила законот, според кој, непријавувањето дека некој стекнал двојно државјанство, ќе се казнува. Русите кои добиле државјанство од некоја друга земја, а не пријавиле, ќе бидат казнети со околу 6 илјади долари или 400 часа општествено корисна работа. За жителите на Крим, оваа мерка ќе важи од први јануари, наредната година. Според активисти за човекови права, овој закон ги става под сомневање луѓето со двојно државјанство и ги изложува на притисоци од руските власти.