Милитантите зазедоа уште два града во северен Ирак

Милитантите од Исламската држава Ирак и Левант вчера ја презедоа контролата врз уште два града во северен Ирак, соопштија и властите и локалното население. Градовите Зумар и Синџар сега се во рацете на исламистите по жестоките судири што завчера избија меѓу милитантите и курдските безбедносни сили. Во градот Синџар беа засолнети илјадници луѓе кои претходно ги напуштија домовите бегајќи од териториите што ги освои Исламската држава Ирак и Левант.

Пратеникот на ОН во Ирак, Николај Младенов, соопшти дека „во Синџар се одвива хуманитарна трагедија“. ОН стравуваат дека 200 илјади луѓе може да ги напуштат своите домови. Ирачката државна телевизија вчера објави дека исламистите ја презеле контролата врз Браната Мосул, која е најголема во земјата.