Остатоците од падот на малезискиот авион пренесени во Каркив

Деловите од тела пронајдени од меѓународните ескперти на местото на несреќата на малезискиот авион во источна Украина се пренесени во градот Каркив. Четирите камиони ладилници во кои беа човечките отстатоци и личните работи пристигнаа во градот денеска. Околу 70 холандски и австралиски истражувачи продолжуваат да ја пребаруваат областа во која ситуацијата останува напната поради судирите меѓу проруските сепаратисти и украинските сили. Локалните власти денеска соопштија дека девет цивили загинале во борбите околу градовите Донецк и Лугански во источна Украина. Украинската војска пак јави дека засега нема жртви на нејзина страна.