Околу сто загинати во нападот во Ксинјанг

Кинеските државни медиуми јавија дека 37 цивили и 59 напаѓачи се убиени минатата недела во северозападниот регион Ксинјанг во кој живее етничкото муслиманско малцинство Ујгури. Како што јави агенцијата Ксинхуа напаѓачите вооружени со ножеви и секири упаднале во полициската станица и владините канцеларии на 28 јули. Во извештајот се наведува дека 59, како што пишува терористи, биле убиени од безбедносните сили, а 215 други напаѓачи биле приведени. Два дена по инцидентот провладиниот имам на џамијата во градот Кашгар беше убиен. Многу етички Ујгури тврдат дека се репресирани од мнозинството Кинези.