Албанската полиција заплени половина тон марихуана во Лазарат

Албанската полиција утрово заплени половина тон марихуана на периферијата на селото Лазарат. Полициската акција е извршена по добиена дојава за сомнително движење во околината на селото, кое е познато по одгледување и производство на огромни количества дрога, поради што е наречено „фабрика за марихуана“. Запленетата дрога била спакувана во 10 вреќи. Полицијата соопшти дека при запирање на комбето со фалсификувани регистарски таблици, во кое се наоѓала дрогата, возачот успеал да побегне, но неговиот идентитет бил откриен и во тек била акција за негово апсење.